Ракометната репрезентација на Македонија доживеа дебакл во мечот со Египет кој го загубија со 38-19. По најголемата катастрофа во историјата на нашата репрезентација на Светските првенства, селекторот Данило Брестовац вели дека овој тим не е психички подготвен за ваков тип на натпреварувања.
„Не сме психолошки подготвени за ваков тип на првенство. Но, мислам дека ракометарите ќе бидат подготвени за следниот меч со Чиле и се надевам дека ќе го добиеме тој меч и ќе одиме во следната фаза. Мислам дека секој натпревар против големи репрезентации како Шведсак и Египет е школа за нас и мислам дека треба многу да учиме од овие натпревари“, вели Брестовац.
Во последното коло Македонија и покрај двата убедливи пораза против Чиле ќе има шанса да се квалификаува во втората фаза од Мундијалот. Мечот ќе се игра во понеделник во 15:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА