Македонија со пораз од Словенија од 21-31 стартуваше во главната фаза на Светското првенство во Египет. Селекторот на нашата репрезентација Данило Брестовац вели дека и покрај тоа што разликата во квалитет е голема, сепак на крајот големиот број наши грешки се клучот за поразот.
„Одлично го почнавме натпреварот, но нашите грешки ја направија разликата во мечот. Разликата во квалитет не е голема, едноставно нашите грешки ја направија разликата. Ќе се обидеме да бидеме подобри во следните натпревари“, вели Брестовац.
Македонија во петок ќе го игра вториот натпревар во главната групна фаза каде ќе се сретне со Русија, а мечот е со почеток во 15:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА