Металург запиша уште еден пораз во Лигата на шампионите и уште еден натпревар со лошо второ полувреме во кое младиот состав од Автокоманда немаше сили да му се спротивстави на Бешикташ. Искуството на Бешикташ и неискуството на Металург на крај резултираа со убедливи осум гола разлика за турскиот шампион (22-30). Иако од резултатот не може да бидат задоволни, тренерот на Металург, Данило Брестовац свесен е дека ќе му треба време и многу трпение за да ја постигне целта.
„ Ништо изненадувачко од Бешикташ на овој дуел. Искуството на Прибак, Доне, Толга…се покажа на најдобар можен начин. Се се чувствувам како некое мало дете што допрва вади заби, а никако да ги извади. Имавме добри моменти низ мечот, но и повеќе лоши моменти. Со младите мора да се има трпение, мора да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со 2-3 странци. Знам дека сакате резултати, но мора да бидеме трпеливи и вие и ние. Би ве замолил да не поддржете во таа наша намера, од тоа корист ќе има не само Металург, туку и репрезентацијата“ – изјави тренерот на Металург, Данило Брестовац.
Следниот натпревар во ЛШ ќе биде уште еден сериозен тест за Металург, на 30 септември против словачкиот Татрна Прешов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА