Брестовац со двојна титула во Катар

Македонскиот стратег Данило Брестовац ја заокружи својата перфектна сезона во Катар, освојувајќи го и престижниот Куп трофеј со екипата на Ал Араби. По претходно освоената шампионска титула, тимот на Брестовац во големото финале од Националниот куп славеше над Ал Духаил со 31-29.

Победата е уште позначајна бидејќи е извојувана во директен дуел против тимот предводен од реномираниот шпански тренер Амброс Мартин.

Со овој триумф, Ал Араби ја комплетираше „двојната круна“, потврдувајќи дека е неприкосновен владетел на ракометните терени во Катар под водство на македонскиот стручњак.

Се вчитува...