Брестовац: Со Египет не смееме да избегнуваме физички дуел, како што беше тоа со Шведска

Македонскиот селектор Данило Брестовац очекува беше крајно незадоволен од изданието на своите избраници на отворањето на Светското првенство 2021.

Денеска македонската репрезентација од 18 часот ја очекува нов тежок предизвик, овој пат со домаќинот Египет. Свесни се во националниот табор дека ќе биде тежок дуел, но едноставно се подготвени да го дадат максимумот за поправање на впечатокот.

„Секако дека не сум задоволен од одиграното против Шведска, потфрливме во играта еден на еден и два на два. Сепак, знам дека можеме многу подобро, јас верувам во моите играчи. Ова што го говорам не е клише. Знам дека ќе биде подобро со Египет“ – вели Брестовац, веднаш дополнувајќи:

„Египет е исклучително физички силна репрезентација. Играат повеќе од цврст ракомет и затоа основно за нас ќе биде денеска да не избегнуваме физички дуел против Египќаните, како што беше тоа против Шведска. Одбраната мора да биде нашиот носител во желбата за позитивен резултат“.

Се вчитува...