Марио Брезовски го заврши својот настап на Младинските олимписки игри кои се одржуваат во Дакар, Сенегал.
Брезовски заврши на 24. место во конкуренција на 36 натпреварувачи во дисциплината триатлон.
„Одлично пливање, излез од вода во првата група и силен велосипедски дел, во кој остана со водечката група до самиот крај. На спора и технички сериозно тешка патека со трчање на песок, последниот дел од трката донесе дополнителен предизвик. Ова искуство е уште една важна лекција, уште еден чекор напред и основа за сè што допрва доаѓа“ – порачаа од Триатлон федерацијата на Македонија.

На Младинските Олимписки Игри во Дакар, наредниве денови Македонија ќе има свои претставници уште во пливање и во атлетика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
