Германскиот судија Феликс Брих повторно проговори за натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија на СП 2018, кога направи катастрофална грешка.
Тој остана запаметен поради недосудениот пенал над Александар Митровиќ.
„Западнав во криза поради тој меч. Периодот помеѓу 2014 и 2018 година беше најдобар во мојата кариера, а со таков став дојдов на Светското првенство во Русија. Веројатно тој став е причината поради која паднав на испитот.Тој натпревар ме прогонуваше цела година. Повеќе не бев опуштен и самоуверен кога судев. Се чувствував како да сум во машина за перење што постојано се врти и не можев да излезам од неа. Одев како да имам тегови на нозете“.
Во натпреварот против Швајцарија, Србија беше поразена со 2-1, што значеше и крај на Мундијалот за нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА