Бријаторе: Ако јас бев шеф на Ферари, немаше да го потпишам Хамилтон

Луис Хамилтон од стартот на оваа календарска година и официјално стана член на Ферари, но „мегатрансферот во Формула 1“ нечекувано беше критикуван од страна на Флавио Бријаторе.

Долгогодишниот шеф на Рено не е убеден дека италијанскиот тим ја донел вистинската одлука со ангажманот на Хамилтон, кој се наоѓа на залез на кариерата. Според него, многу подобро ќе било да се задржи тандемот Леклер – Перез во обид да се стигне до првата титула по 2008 година.

„Ќе биде чудно да се види Луис во болид на Ферари. Секако дека ја почитувам таквата одлука, но се прашувам дали воопшто има смисла. Ферари имаше одличен тандем со кој заостана само 14 бода во борбата за титулата за конструктори. Сега сето тоа се растура за да дојде Хамилтон, кој е на залез на кариерата. Тоа е нивна одлука и сигурно стојат зад неа, но јас би рекол дека ако јас бев на чело на Ферари, сигурно немаше да го потпишам Луис Хамилтон“, изјави Бријаторе за германскиот весник „Билд“.

Се вчитува...