Поранешниот прв човек на Формула 1 тимовите на Бенетон и Рено, Флавио Бријаторе, го критикуваше Ферари кој во 2018 година го задржа Кими Раиконен, бидејќи смета дека Шарл Леклер требало да се најде во болидот на италијанскиот тим уште таа година.
„Леклер е млад, има храброст и тоа го покажува. Да бев во Ферари, Кими ќе го заменев со Леклер уште две години порано, бидејќи тој не можеше апсолутно ништо да направи. Никогаш ништо нема да освоите со него“, изјави Бријаторе.
2018 година за Леклер беше трета во шампионатот, а со тимот на Алфа Ромео Заубер успеа да освои 38 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА