Во најдоброто издание во професионалната кариера, Кејти Тејлор ја победи Ева Валстром и ги одбрани светските титули во лесна категорија во ИБФ и ВБА верзиите. 32-годишната Ирка ги доби сите 10 рунди во борбата во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Финката Вастром кој се бореше со раскрварена глава немаше апсолутно никаква шанса против брзината и прецизноста на Тејлор.
„Покажав одлично издание против досега непоразената противничка. Таа дојде да победи, но сметам дека боксував многу мудро“ – изјави Тејлор по борбата.
Тејлор и Валстром се сретнаа шестпати во аматерските кариери. Ирската боксерка ги доби сите борби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА