Брилијантно: Голот на Дијаз е постигнат во акција по 34 додавања, рекорд во Премиер-лигата (видео)

Луис Дијаз го постигна својот прв гол во дресот на Ливерпул на дуелот со Норвич, ставајќи печат на триумфот на „црвените“ изразен со конените 3-1.

Она што импресионира е акцијата пред голот, во која топката стигна до Колумбиецот по дури 34 додавања меѓу неговите соиграчи. Норвич повеќе од една минута не ја допре топката, а „црвените“ на крајот стигнаа до гол по извонредната асистенција на Хендерсон до Дијаз.

Ова е најдолгата акција со постигнат гол оваа сезона во Премиер-лигата, воедно и рекорд на Ливерпул во оваа категорија (успешни додавања во низа пред постигнување на гол) во последните 20 години.

Се вчитува...