Италијанската алпска скијачка Федерика Брињоне на доминантен начин стигна до победата на велеслаломската трка во сезоната во Светскиот куп која се возеше во австрискиот ски-центар Семеринг.
Италијанката до победата стигна со вкупно време од 2:03.14 минути што беше за 57 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Швеѓанка, Сара Хектор.
Подиумот го надополни Алис Робинсон од Нов Зеланд со заостанување од 90 стотинки зад времето на победничката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА