Италијанката Федерика Брињоне го освои својот втор златен медал на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо, откако победи во велеслалом пред Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд.
Брињоне, која веќе го освои златото во спуст на овие Игри откако сериозно го повреди коленото пред десет месеци, доминираше како и во првото возење и на крајот славеше со време од 2:13,50, 62 стотинки пред Хектор и Стјернесунд.
Најдобрата скијачка на сите времиња, Американката Микаела Шифрин, повторно остана без олимписки медал откако денес заврши на 11-то место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

