Британец ги предупреди Алкараз и Синер: Пазете се од Ноле, сега ќе игра на најврвно ниво

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не ја започна новата сезона во сјајна форма, но одигра најдобро кога беше најпотребно. Ја надмина повредата, темпираше врвна форма за Лените олимписки игри во Париз, а таму стигна и до најпосакуваниот успех во кариерата освојувајќи го златниот медал за Србија.

Успехот во Париз нема да биде „кочница“, напротив следува најдоброто од Новак Ѓоковиќ, верува некогаш најдобриот британски тенисер, Тим Хенман кој испрати предупредување за младите и најголеми ривали на Србинот денеска Карлос Алкарз и Јаник Синер.

„Не мислам дека Ѓоковиќ сега кога го освои златниот медал ќе почне да размислува тоа е тоа. Тој има неверојатна стаст кон тенисот, го сака тоа што го прави во животот и затоа мислам дека приказната ќе оди во потполно друг смер, а не како што мислат луѓето. Освојувањето на златото треба потполно да го ослободи. Сега би можел да размислува дека ги завери најголемите турнири и може да игра од љубов, од својата душа. Може да игра потполно растеретено на УС Опен каде сигурно ќе сака да освои нова грен-слем титула.

Се тоа може да направи да биде пеколно тешко за неговите конкуренти бидејќи ќе игра слободен и додека е здрав и подготвен, сигурен во себе може да освои уште многу трофеи. Без притисок сега ќе биде уште поопасен и полесно да влегува во дуелите со Синер и Алкараз. Видовте што направи во Париз. Тоа беше навистина неверојатно. Тоа беше еден од неговите најдобри мечеви во долгата кариера. Го победи Алкараз кој претходно ги освои Ролан Гарос и Вимблдон, феноменално. На Новак не му пречеше и тоа што беше под огромен притисок конечно да го освои златниот медал бидејќи со 37 години тоа му беше последна шанса“, вели Хенман.

Се вчитува...