Пасошите во полиција: Околу 1500 навивачи на Челси и Сити не смеат да ги бодрат своите клубови во САД

Околу 1500 навивачи на Челси и Манчестер Сити добија забрана за патување во Соединетите американски држави каде од 14. јуни до 13. јули ќе се одржи Светското клупско првенство, кое за прв пат во историјата ќе има променет формат со  учество на 32 тимови.

Оваа забрана е донесена со цел намалување на насилството, мерка која се користи веќе неколку години кога станува збор за големите натпреварувања како Европските и Светското првенство.

Страсните навивачи кои се најдоа на листата на Владата ќе мораат да ги предадат своите пасоши во полицијата од 9. јуни до 13. јули 2025 година, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На навивачите сепак нема да им биде целосно одземен пасошот. Тие ќе можат да добијат посебна дозвола за патување во странство во овој период со исклучок за Соединетите американски држави.

Оние кои ќе ја прекршат оваа забрана или ќе се обидат да ја заобиколат ќе се соочат со висока парична казна и казна затвор до шест месеци.

Се вчитува...