Британската јавност повторно бара од Премиер-лигата да го разгледа преземањето на Њукасл од Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија и да отвори нова истрага околу целата трансакција.
На челниците на Премиер-лигата им е препорачано да го преиспитаат целиот процес на продажбата на Њукасл и тврдењата на новите сопственици дека самата држава Саудиска Арабија нема да има удел во клубот, откако се појавија нови документи на судењето во САД.
Новите документи кои повторно се појавија на површина го поставуваат прашањето за вистинската сопственост и реалниот капитал зад Фондот за јавни инвестиции во сопственост и со кој претседава Јасир ал-Румаин.
Тие тврдат дека фондот е директно под влијание на државата, а еден од доказите за тоа е фактот што Ал Румаин е еден од министрите во владата на Саудиска Арабија.
Премиер лигата го одобри преземањето на Њукасл во октомври 2021 година по долга сага и бројни проверки и откако доби „правно обврзувачки гаранции дека фондот на кој било начин не е поддржан од државата и дека државата нема да има контрола над клубот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

