Британската влада ќе ја заштити Премиер – лигата

Владата на Велика Британија е комплетно против растурањето на Премиер-лигата и ќе направи се во нејзина моќ да го спречи одделувањето кое како што велат високи претставници од Вајтхол ќе влијае на „комплетна фудбалска историја и култура во државата“.

И Владата и Премиер-лига се најдоа затекнати од информацијата дека најголемите клубови од Англија биле дел од преговорите за формирање на Супер лига надвор од ингеренциите на УЕФА. Веста беше објавена по протекувањето доверливи информации од компјутерскиот систем на ФИФА.

Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се меѓу големите европски клубови кои го заговарале формирањето на новото натпреварување.

Дел од познавачите на состојбите пак велат дека не постои вистинска опасност од отцепување бидејќи големите клубови веќе една деценија се закануваат со своја лига, но најчесто тоа го користат за да добијат бенефити во префоворите со УЕФА.

Од друга страна пак, премиерлигашките клубови имаат потпишано долгорочни договори за телевизиски и маркетиншки права. Според објавените документи, стартот на Супер лигата е планиран за 2021 година.

Се вчитува...