Британски милионер се разведе поради Марија Шарапова

Убавата руска тенисерка Марија Шарапова и понатаму е фатална за машкиот пол. По љубовните врски со Саша Вујачиќ и со Григор Димитров, таа сега е во среќна релација со британскиот милионер Александер Гелкес.

Медиумите на Островот шпекулираат дека тие веќе се вериле, а Гелкес поради Маша се развел од партнерката со која бил 13 години.

Британецот потекнува од угледно лондонско семејство, татко стоматолог и мајка професорка на Оксфорд, а поради Марија Шарапова веќе е заљубеник во руската култура и книжевност. Тој е многу добар пријател на принцовите Вилијам и Хари.

 

Се вчитува...