Готово е: Манчестер Јунајтед ќе плати 80 милиони за Мегваер

Англискиот репрезентативец Хари Мегваер ќе премине во Манчестер Јунајтед за сума од 80 милиони фунти со што ќе го сруши рекордот за најскапо платен одбранбен фудбалер, пренесуваат медиумите на Островото.

Со трансферот Хари Мегваер ќе го сруши рекордот на Вирџил ван Дајк кој во Ливерпул пристигна за сума од 75 милиони фунти.

Meгваер ќе биде третото летно засилување за „црвените-ѓаволи“ откако претходно на „Олд трафорд“ дојдоа Арон ван Бисака и Даниел Џејмс.

 

Се вчитува...