Претседателот на британскиот парламентарен комитет за спорт, Џулијан Најт им препорача на Британската и Ирската фудбалска федерација да се откажат од кандидатурата за организација на Светско првенство.
Најт се потсети на инцидентите во текот на финалето на ЕВРО 2020 одржано во Лондон велејќи дека е голем проблем и во репутацијата што Британија ја има кога е во прашање фудбалот.
„Сите знаат дека кандидатурата за Светско првенство е само еден голем, залуден и скап проект“, изјави Најт.
Домаќин на ЕП 2024 ќе биде Германија, додека Светското првенство 2026 ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА