Британските тенисери Џулијан Кеш и Лојд Гласпул го освоија Вимблдон во конкуренција на двојки.
Тие во финалето ги совладаа Австралиецот Ринки Хиџиката и Холанѓанецот Дејвид Пел со 2-0 по сетови 6-2 и 7-6.
Ова е прва грен слем титула за британските тенисери, кои за освоената титула во Лондон ќе поделат 680.000 фунти. Тие двајца станаа и првиот се британски пар во последните 89 години кој стигнал до титула во двојки на Вимблдон.
Хиџиката и Пел од учеството во финалето на Вимблдон заработија 345.000 фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

