Британците го добија првиот кошаркарски клуб во европските натпреварувања

Прв клуб од Велика Британија во некое од кошаркарските европски натпреварувања ќе биде Лондон Лајонс. Тие во сезоната 2020/2021 ќе учествуваат во ФИБА Лигата на шампиони.

Тоа значи дека Лондон првпат во 21. век ќе биде на европската кошаркарска мапа, што долго време беше желба на првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу. Лондонските лавови се формирани во 1977 година, но прво клубот играше во Хемел Хемпстед. Од формирањето Лајонс настапуваа и во Вотфорд и Милтон Кејнс се додека не се преселија во Олимпискиот парк во Лондон.

 

Се вчитува...