Неколку спортисти веќе го изразија своето незадоволство од храната што се нуди во официјалниот ресторан на Олимпиското село во Париз. Меѓу нив се издвојуваат спортистите од Велика Британија кои најдоа начин да ги надминат овие проблеми.
Како што пишува „Ле Парижиен“, со значителна доза на сарказам, „Британците, познати по љубовта кон гастрономијата, ја критикуваа храната во главниот град на Франција“.
Како прво, готвачите се критикувани затоа што не нудат доволно протеини во оброците.
„Велика Британија носи спакувани оброци и донесе свој готвач, бидејќи нема доволно пилешко и јајца во исхраната“, пишува „Парижиен“.
Шефот на британската делегација на Игрите, Енди Ансон изјави дека месото се служело сирово.
„Нашите спортисти решија дека попрво ќе јадат во нашиот павилјон во Клиши“, вели Ансон, кој додава дека немало такви проблеми пред три години кога Токио беше домаќин на Игрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА