Британскиот „Дејли експрес“ уште еднаш удри по Новак Ѓоковиќ, овојпат со текст во кој го обвинуваат најдобриот тенисер на сите времиња дека во минатото користел „нефер тактика“ за да го победи Јаник Синер.
Во полуфиналниот меч на Вимблдон против италијанскиот ас, Ѓоковиќ беше поразен во три сета. Дел од медиумите во Британија – го искористија неговиот пораз за нов напад. „Дејли експрес“ во својот напис со наслов „Новак Ѓоковиќ користеше нефер тактика за да го победи Јаник Синер додека АТП не ги промени правилата“ сугерираше дека Србинот со години ги користи правилата во своја полза и дека некои од тие „финти“ сега се оневозможени со новите прописи на АТП.
„Новак Ѓоковиќ е роден победник. Го користи секое оружје во својот арсенал и секоја предност што ја дозволуваат правилата на играта и тоа му донесе неверојатни 24 Грен слем титули и го стави во позиција да брка рекорден 25. Грен слем на 38 години. Ѓоковиќ вешто ги користеше паузите за тоалет додека беа дозволени. Сега АТП го ограничи бројот на паузи што играчот може да ги има за време на меч, како и нивното времетраење и кога може да се земат. Сега на играчите им е дозволено да имаат триминутна пауза за тоалет по натпревар и тоа е дозволено да се користи само на крајот од сетот”, пишува британскиот весник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

