Бриж го „демолираше“ Монако… Спектакуларен гол на Грималдо за драма без победник во Копенхаген (ВИДЕО)

Белгиски Бриж, помалку неверојатно, со убедливи 4-1 го „демолираше“ Монако во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Белгијците задачата си ја завршија уште во првото полувреме со три гола, и покрај тоа што Монако уште во 10. минута не реализираше пенал преку Аклиуче.

Па, казната следеше во 32. минута кога погоди Тресолди, а во 39. минута на 2-0 зголеми Онједика, а на 3-0 дополни Ванакен во 43. минута.

Во второто полувреме, Диакон во 75. минута. Гостите во 92. минута преку Фати само го ублажија поразот.

За разлика од Белгија каде голеадата беше во првиот дел, во Копенхаген домашниот тим одигра 2-2 со Баер Леверкузен и тоа со три гола во последните десет минути од средбата.

Копенхаген поведе со голот на Ларсон уште во 9.минута.

А, потоа во 82. минута феноменален евро-гол директно од слободен удар на Грималдо за 1-1.

Сепак, домашните брзо вратија со голот на Роберт во 87. минута за 2-1, а со автоголот на Хацидикакос во првата минута од судиското продолжение, Баер Леверкузен дојде до бод.

Се вчитува...