Екипата на Болоња е последниот патник во 1/4 финалето во Лигата на Европа, откако по продолженијата ја победи и ја исфрли екипата на Рома, во вистинска резултатска „бркотница“ на „Олимпико“. Болоња дури во 111. минута стигна до предноста од која Рома не можеше да се врати, и на крајот беше елиминирана.
Регуларниот дел заврши 3-3, во еден извонреден меч во кој Болоња имаше предност и од 0-1 и од 1-3, но на крајот „волчицата“ успеа да се врати и да израмни.
Рове во 22. минута со прекрасен гол донесе предност за гостите, а потоа Ндика изрмани во 32. минута. Болоња дојде до нова предност со гол на Бернардески од пенал на крајот од првиот дел.
Кастро во 58. минута зголеми на 1-3, и се чинеше дека Болоња ќе оди меѓу најдобрите осум. Но така не мислеа Мален и Пелегрини, кои со голови во 69. минута од пенал, и во 80. минута од игра, израмнија, и така обезбедија продолженија.
Во продолженијата, во 111. минута Болоња дојде до нова предност со голот на Камбиаги.
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА
БРАГА – БЕТИС
ФРАЈБУРГ – СЕЛТА
ПОРТО – НОТИНГЕМ
БОЛОЊА – АСТОН ВИЛА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

