Ерик тен Хаг најголемиот дел од буџетот на Манчестер Јунајтед во последните 18 месеци го потроши со богати уплати на сметката на Ајакс, носејќи ги на „Олд Трафорд“ Бразилецот Ентони и аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез.
Кога се појави новата информација дека Тен Хаг повторно планира да пазари од својот поранешен клуб, овојпат за голгетерот Брајан Броби, тоа не беше и некое големо изненадување ако се земе во предвид кризата во навалната линија на „црвените ѓаволи“. Сепак, Броби во изјава за холандските медиуми денеска ја затвори вратата за ваков трансфер во јануари.
„Тен Хаг? Можам да кажам дека пред извесен период се допишувавме, но повеќе не сме во контакт. Сигурно има многу работа, но и да бидам искрен, можеби ми го нема новиот телефонски број. Читав за наводниот интерес од Манчестер Јунајтед, но не му давам преголемо значење бидејќи не верувам дека има нешто конкретно. Дури и да постои, јас немам намера да се преселам во Англија зимава, сакам да останам и да му помогнам на Ајакс“, изјави Броби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА