Репрезентативците на Србија си дозволија невиден „бродолом“ во само две минути на дуелот против Камерун, од готова победа и предност од 3-1 дозволија „вересија“ за конечно реми 3-3 кои им ги намалува шансите за продолжување во елиминациската фаза на Мундијалот во Катар.
И покрај тоа што Камерунците поведоа со голот на Кастелето во 29. минута, потоа низ судиското продолжение од првото полувреме северните соседи со два гола дојдоа до пресврт. Најпрво во првата минута од судиското продолжение во првиот дел израмнување од 1-1 донесе Павловиќ со удар со глава, а само две минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ со прекрасен гол носи водство за Србија од 1-2.
Српската доминација на дуелот со Камерун продолжи и во второто полувреме, во кое балканската селекција набрзина поведе и со 3-1, со најубавата акција на натпреварот.
Србите извонредно се снајдоа во противничкиот шеснаесетник, одигрувајќи неколку несебични додавања, за топката на крајот на пет метри да стигне до Митровиќ, кој немаше проблем да ја смести во мрежата.
Мечот делуваше како завршен кога Митровиќ погоди за 3-1, но Камерунците се вратија благодарение на „резервистот“ Абубакар. Фудбалерот на Ал Наср влезе во игра во 55. минута, а девет минути подоцна одлично ја избегна офсајд замката и со прекрасен лоб удар го совлада голманот Милинковиќ – Савиќ. Помошниот судија најпрвин го поништи голот, но ВАР-анализата покажа дека тој не се наоѓал во офсајд, признавајќи го голот за 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА