Челси со победата од 3-0 над Вулверхемптон во 10. коло од Премиерлигата стигна до четвртото место на табелата. На домашен терен до нови три бода „сините“ го предводеа Каи Хавертц, Кристијан Пулишиќ и Армандо Броја.
Албанскиот репрезентативец доби 20. минутна шанса од Грем Потер, а истата ја искористи на прекрасен начин, стрелајќи во 89. минута за прв гол во сениорскиот дрес на Челси.
„Само што го погледнав Кова со топката знаев што треба да направам. Тргнав напред и добив одлично додавање. Се беше перфектно. Како голгетер, истинктно ја шутнав топката и заврши на најдобар начин во мрежата. Тоа беше неверојатен момент за мене и моето семејство. На татко ми му е роденден па овој гол му го посветив нему“, изјави Броја.
It’s a beauty! ✌️#CheWol pic.twitter.com/Onm51NR2uW
— Chelsea FC (@ChelseaFC) October 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

