Бројка од која „боли глава“: Рекорден број фудбалски трансфери во јануари

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека во јануарскиот преоден рок се завршени рекорден број на трансфери.

Месец јануари го одбележаа дури 5.973 трансфери во конкуренција на фудбалери со што бројот на трансфери во однос на минатата година се зголеми за три отсто.

Но, и покрај рекордниот број на реализирани трансфери, намален е бројот на потрошени финансии за нивна реализација и тоа за 18 отсто во однос на минатиот преоден рок во кој беа потрошени рекордни 1.95 милијарди евра.

Најголема сума за трансфери повторно издвоија Англичаните кои потрошија 363 милиони долари за трансфери, а заработија само 150 милиони на трансфери во останатите првенства.

Втори на листата на потрошувачка се Италијанците со 218 милиони долари, а по нив следат Бразил, Германија и Франција.

Најголема заработка забележаа Французите и тоа 218 милиони долари. По нив се Италија, Бразил, Англија и Шпанија.

Се вчитува...