БРОЈКИ И ФАКТИ ПРЕД ДУЕЛОТ ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ: Шампионот поуспешен, „романтичарите“ ретко победуваат во Тетово

Шкендија и Работнички ќе одиграат меѓусебно во 11. коло во Првата лига, во дуел кој што може да биде еден од клучните за фаќање приклучок кон врвот на табелата.

Шкендија важи за голем фаворит, а двата тима во меѓусебната пресметка влегуваат со порази од последните првенствени дуели, и победи во Купот. Традицијата вели дека Шкендија е далеку подобар противник од Работнички, а до сега овие два тима во сите натпреварувања одиграле 62 натпревари.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ И БРОЈКИ ПРЕД ДУЕЛОТ ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

  • Досега овие два тима одиграле 62 натпревари во сите конкуренции, од кои 31 победа има Шкендија, 13 пати играле нерешено, и 18 победи има Работнички
  • Во меѓусебните 62 пресметки, постигнати се дури 186 голови, од кои 100 постигнала екипата на Шкендија, а 86 тимот на Работнички
  • Во Тетово, или Шкендија како домаќин на 33 меча, триумфирала на 20, осум пати играла нерешено, пет порази со гол разлика 59:32
  • „Романтичарите“ имаа само една гостинска победа и тоа во Ѓорче со 0:2, и едно реми. Шкендија на домашен терен има две победи, еден нерешен натпревар и еден пораз
  • 7 голови по натпревар е просекот на Шкендија во досегашните натпревари, додека на Работнички просекот е 1 гол
  • Најголем број од своите голови, Шкендија ги постигнува во последните 15 минути, дури 41.2%, додека Работнички во последните 15 минути од првиот дел, дури 44,4%
  • На последните 15 натпревари во Тетово, Работнички има само една победа над Шкендија
  • Работнички три натпревари по ред во првенството нема победа, а на последните три меча во сите натпреварувања не го наоѓа патот до мрежата во регуларен дел
  • Шкендија против Академија Пандев го доживеа првиот пораз после 15 август
  • Судијата Александар Грујоски, кој денеска ќе ја дели правдата, го судеше оној меч пред крајот на минатото првенство кој заврши неверојатни 3:5 за Шкендија на гостувањето кај Работнички

Се вчитува...