Бројки од кои боли глава: Ѓоковиќ заработи богатство за 62 минути

Експресно заврши авантурата на Новак Ѓоковиќ на ревијалниот турнир „Шест Кралеви“ што се одржува во Саудиска Арабија, откако српскиот веќе на премиерниот меч загуби од првиот светски рекет Јаник Синер со 0-2 во сетови.

Беше јасно дека Новак не може да му парира на Италијанецот кој доминираше на теренот, славејќи со 2-6, 4-6 за само 62 минути игра.

Сепак, заработката за оваа кратка екскурзија до Ријад е огромна, ако се знае дека Ѓоковиќ за тој еден час игра заработи вкупно 1,5 милиони долари. Или поделено – 250.000 долари за секој освоен гејм, 23.809 долари за секоја минута на теренот, или 396 долари за секоја секунда во која Ѓооковиќ се обиде да му парира на Синер.

Српскиот тенисер немаше ниту некоја посебна подготовка ако се знае дека два дена пред мечот беше во Белград и навиваше за Црвена Звезда против Жалгирис, а по доаѓањето во Ријад одржа само еден краток тренинг пред дуелот со Синер.

Следниот турнир на кој Ѓоковиќ ќе настапи е оној во Атина закажан за 2 до 8 ноември.

Се вчитува...