Грузија се крстеше во Квича Кварацкелија на овој европски шампионат, но асот на Наполи е предалеку од посакуваната форма. Крилниот офанзивец не беше на посакуваното ниво на отворањето со Турција, но уште покатастрофално одигра денеска против Чешка.
Тој немаше шут во рамките на голот, камоли гол или асистенција, во цел меч само два пати успешно ги издрибла противничките фудбалери, а најпоразителен е податокот дека имаше дури 14 загубени топки, најмногу од сите фудбалери на теренот.
По едни вакви изданија на големата сцена, но и разочарувачката втора сезона во дресот на Наполи, логично е да се постави прашањето дали тој навистина е играч од највисока класа или само „чудо за една година“ што потоа тоне во просечноста…
🚨🚨| Khvicha Kvaratskhelia vs. Czech Republic:
— 0 Goals
— 0 Assists
— Shots on target (0)
— Successful dribbles (2)
— Possession lost (14)
— Accurate crosses (0)
— Accurate long balls (0)
— Key passes (1)— CentreGoals. (@centregoals) June 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА