Бројки за заборав на Трент: Цел меч без освоен дуел, само еден прецизен центаршут…

Трент Александер Арнолд требаше да биде суперзасилување на Реал Мадрид, но десниот бек имаше разочарувачко деби во Ла Лига на синоќешниот меч со Осасуна.

Противникот играше класичен бункер, Трент поголем дел од времето мина на половината на Осасуна, но не се снајде најдобро. Бројките се поразителни, тој за 68 минути игра немаше освоено топка, ниту пак добиено дуел (0-4).

Силна страна во играта на англискиот бек се додавањата, но и тука потфрли, прецизноста на долгите додавања му беше катастрофална (0/4), дододека само еден од седумте центаршутеви заврши до негов соиграч…

Во Ливерпул фаќаат сеир поради лошата игра на нивниот поранешен играч, додека во Реал се надеваат дека Трент што поскоро ќе влезе во ритам и ќе почне да прикажува игри какви што се очекуваат од него…

Се вчитува...