Ракометарите на Вардар стигнаа до нова шампионска титула, уште повеќе зацврстувајќи го статусот на скопските „црвено-црни“ како неприкосновена сила на домашната ракометна сцена.
Бројките говорат се, Вардар е првиот тим што успеа да врзе пет титули во низа, со што овој тим стигна до вкупно 13 шампионски пехари. Ова е повеќе од следните два тима на листата заедно, со оглед на фактот дека Металург и Пелистер имаат по шест шампионски титули, со големо заостанување зад „вардарци“.
Севкупно гледано, во 27-те сезони по остамостојувањето Вардар има освоено 28 пехари, и тоа по 13 во првенството и во Купот на Македонија и два во Супер-купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА