Бројките не лажат: Челси платил рекордна отштета за тренерот Потер

По назначувањето на Грем Потер како нов тренер на Челси, англиските медиуми известија тогаш дека англискиот клуб плати обесштетување до Брајтон 22,5 милиони евра. Меѓутоа откако вчера Брајтон јавно го објави финансискиот извештај, се увиде дека станува збор за далеку поголема сума.

Според аналитичките книги од клубот, Челси го платил 24,3 милиони евра, што преставува рекорд во Премиерлигата, а втор рекорден трансфер на тренер во светот. Првиот е на Јулијан Нагелсман, кој Баерн го плати 25 милиони од Лајпциг.

Потер иако беше рекордно платен, не ги оправда очекувањата на „Стемфорд Бриџ“. Клубот беше во голема криза, и во моментов е на 10. позиција на табелата, а добра околност е што екипата влезе во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, каде ќе игра против Реал Мадрид.

Се вчитува...