Бројките не лажат: Халанд на 22 години е подобар од Меси и Роналдо во нивните најдобри времиња

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е вистинска гол-машина. Голгетерот на Сити импресионира во новата сезона и запишува историски бројки, кои се на рамниште, па дури и повисоки од најголемите легенди.

Дека бројките не лажат сведочи и последната анализа и статистика, која потврдува дека моментално 22-годишникот има просек и ефективност подобра од Лионел Меси и Кристијано Роналдо во нивните најдобри години. Тој запишува погодок на секои 2,6 упатени шута, а има реализација од 38%. За разлика од него, Меси и Роналдо кога беа на врвот имаа реализација од 22%, односно 19%.

Во првите 6.000 минути поминати на терените во најсилните лиги Халанд реализира 73 погодоци. Меси во истиот интервал имаше 40 гола, а Роналдо е далеку и заостанува со само 17 реализации.

Се вчитува...