Бројките потврдуваат: Ваков срам на Шпанија не се памети

Шпанија никогаш не одиграла послаб натпревар на едно ракометно Европско првенство од вечерашното издание против Хрватска, дуел што „црвената фурија“ го загуби со неверојатни 39-29.

Бројките го потврдуваат дебаклот, ова е најубедлив пораз на Шпанците на меч од европските шампионати, уривајќи го неславниот рекорд од „минус осум“ од поразот од Франција на ЕП 1996 година.

Овие 39 постигнати гола се доказ за најслабата шпанска одбрана во историјата на европските првенства, три повеќе од досегашниот рекорд од 36 примени гола од Русија пред точно 20 години.

Она што е интересно, поразот од десет гола е израмнување на најубедливиот во историјата на шпанскиот национален тим, и тоа и претходниот е од истиот ривал, откако Шпанците беа понижени со 32-22 од Хрватска и на СП 2009.

Се вчитува...