Бројките се против Чави, се тресе клупата на Барселона

Чави се соочува со огромен притисок да се задржи на клупата на Барселона откако серијата слаби игри продолжи и во ЛШ, со пораз од веќе отпишаниот Антверпен со 3-2.

Каталонците повторно беа далеку од посакуваното ниво, во 91. минута постигнаа гол за израмнување, но само една минута подоцна примија наивен погодок за уште поголем притисок врз нивниот млад сратег.

Чави се израмни со Луис Енрике и со Пеп Гвардиола како тренер со најмногу порази со Барса во ЛШ, тројцата имаат шест, но бројките за споредба се катастрофални – Чави има 6 порази на 14 натпревари (43% загубени наптревари), Луис Енрике 6 од 33 (18%), додека Гвардиола загуби само шест од дури 52 средби колку што ја водеше Барса во елитното европско натпреварување (12%).

„Јасно е дека работите не се одвиваат како што треба, мораме да сме критични кон себе за да работиме уште повеќе. Не креираме шанси, а им дозволуваме на противниците да ги создаваат во нашиот шеснаесетник, тоа мора да се промени“, изјави Чави веднаш по поразот од Антверпен.

На потег е Лапорта, кој до неодамна му искажуваше јавно поддршка на својот тренер, но сега ситуацијата е сменета… Што секако е лоша вест за Чави.

Се вчитува...