Едно од најголемите балкански фудбалски имиња Синиша Михајловиќ денеска погребан во Рим, Италија, испратен од голем број пријатели, фудбалски соработници но и илјадници фанови, пред се на Лацио, кои со аплаузи и навивачи песни го испратија „Гранде Синиша“ во вечниот дом.
Во римската базилика „Света Марија, ангели и маченици“ илјадници лица оддадоа почит за ликот и делото на Синиша Михајловиќ кој на 16. декември го напушти овој свет не издржувајќи ја тригодишната битка со леукемијата.
Сопругата Аријана заедно со нивните пет деца Викторија, Вирџинија, Душан, Мирослав и Николас, очигледно скршени од болка но достоинствени до крај збогувајќи се својот сопруг и татко на кого семејството му беше најважно во животот.
На денешниот погреб присуствуваа и голем број фудбалски лица, пред се негови соиграчи од клубовите и репрезентацијата на Србија меѓу кои Дејан Станковиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Владимир Југовиќ, Славиша Јокановиќ, Владимир Петриќ, Бата Мирковиќ, актуелниот српски репрезентативец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, како и легендата на Рома, Франческо Тоти…, но и неговиот голем пријател, италијанскиот селектор Роберто Манчини. Венец со изразена почит испратија и хрватските легенди Звонимир Бобан и Роберт Просинечки, како и италијанскиот голман Џиџи Донарума.
L’ultimo saluto a Sinisa Mihajlovic 🖤
📹 @Fra__Tringali #Sportitalia pic.twitter.com/Gtui8tzhp9
— Sportitalia (@tvdellosport) December 19, 2022
На погребот беше присутен и неговиот најблизок соработник и кум, поранешниот фудбалер на Мајнц и Херта, како и спортски директор на новосадска Војводина, Мирослав Танјга.
А, кон вечноста Михајловиќ беше испратен и од бројни тифози на Лацио. Раководните лица на Лацио заедно со сите играчи на тимот пристигнале со клупскиот автобус од кој излегле со орелот кој често лета на „Олимпико“.
Tifozi @OfficialSSLazio @Inter @Bolognafc1909 i mnogi drugi#SinisaMihajlovic pic.twitter.com/MODsUrOQf5
— 🇷🇸Marko Mađarev🇷🇸 (@DjarmaCZBG) December 19, 2022
Меѓу фудбалерите беа и капитенот Чиро Имобили како и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но и тренерот Маурицио Сари, сите присутни за последна почит за една од легендите на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА