Бројни критики за Џошуа: „Ова беше ср.ње… Тој е само лоша верзија на Тајсон Фјури!“

Ентони Џошуа си ги врати појасите во четири верзии светски шампион во тешка категорија, во спектаклот во Саудиска Арабија победувајќи го Енди Руиз, човекот од кој доби нокаут пред само шест месеци.

Џошуа се користеше со тактиката на браќата Кличко и со директ создаде сигурна дистанца против Руиз кој е 15 сантиметри понизок, има пократки раце и никако не успеа да му се доближи на Британецот. Поради таквата тактика, Џошуа наиде на бројни критики од поранешни боксерски шампиони но и актуелни аналитичари…

„Џошуа направи се само да победи. Трчаше по рингот, и ништо повеќе… Но, ало бре, сакаш да издоминираш против противникот. Можеби сум премногу ‘хардкор’ за оваа денешна ера, но кога размислувам за себе како шампион, сакам да влезам во ринг и да го растурам противникот. Тоа синоќа не го видов. Па нема бре да влезам во ринг, откако сум загубил од ист лик, за да танцувам. Но, ќе сакам да го растурам, да му покажам на светот дека сум најдобар“ – го коментираше синоќешниот меч Деонтај Вајлдер, кој дополнува:

„Она беше, во секој случај, еден вид – ср.ње. Разликата меѓу мене и Џошуа е што јас размислувам како ѕвер, војник, крал и цар. Ако Џошуа сите го нарекуваат крал, тогаш тој е само некој пристоен крал. Ова е брутален спорт, и јас така го третирам. Не покажувам љубов кон никого во рингот“.

И тренерот на Тајсон Фјури, Бен Дејвисон исто така го критикуваше Џошуа…

„Тој внесе некоја новина во боксот како некој разумен спорт, направи што мора и си ја осигура победата. Нема збор дека заслужено победи, но како некоја лоша верзија на Тајсон Фјури да беше во рингот. Лошо изгледаше и начинот на кој го покриваше рингот, и целата таа дистанца, и целата тактика… Тоа не беше по мој вкус, но во секој случај за нас е добро што победи Британец“ – вели Дејвисон.

Се вчитува...