Бројни македонски фудбалски легенди и спортски работници, но и личности од општествениот и политичкиот живот од Македонија, се на трибините на стадионот „Младост“ во Струмица со поддршка за македонските репрезентативци на квалификацискиот натпревар против Албанија.
Поранешните македонски репрезентативци Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Влатко Гроздановски, Остоја Стјепановиќ, Горан Попов…, легендите на Вардар, Кочо Димитровски и Вујадин Станојковиќ, поранешниот тренер на „црвено-црните“, Зоран Стратев, струмичката фудбалска легенда, Благоја Истатов, поранешните наши селектори Ѓоре Јовановски и Мирсад Јонуз… се на трибините на „Младост“. Во друштво на првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски е претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери, како и директорот на Агенцијат за млади и спорт, Дарко Каевски…
[new_royalslider id=”760″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА