Бројот на заболени од коронавирусот на Флорида и во Орландо расте, НБА сепак не отстапува

НБА лигата ќе биде подготвена за секакво сценарио што може да се случи во продолжението од сезоната вели комесарот на лигата Адам Силвер соочен со брзо растечката бројка на заболени од COVID-19 на Флорида и во Орландо каде што треба да биде одиграно продолжението на сезоната.

„Ако дојде до ново интензивно ширење на вирусот би можело да има нов прекин. Но, морам да кажам дека прагот за таква состојба не е утврден и затоа ние непрекинато работиме заедно со надлежните институции и со здравствените власти. Сепак во моментов не постои можност за продолжување на сезоната без ризик. Мојот став е дека вирусот никако не можеме да го заобиколиме. Затоа изборот падна на доигрување во кампусот на Дизни и на играчите ќе им биде пружена максимална заштита. Мислам дека во комплексот ќе бидеме позаштитени отколку надвор од него“ – изјави Силвер.

Според последните податоци, вкупната бројка на заразени на Флорида до петокот беше 123.000, на дневно ниво има над 8.000 новозаболени. Вчера беше пријавено дека има и 16 позитивни тестови на коронавирусот меѓу НБА играчите. Кошаркарите се тестираат на дневно ниво, така ќе биде и кога ќе почне доигрувањето.

 

 

 

Се вчитува...