Брондби по 16 години слави титула, неверојатни слики од Данска (ФОТО)

Фудбалерите на Брондби по 16 години дојдоа до шампионската титула во Данска, па на улиците во предградието на Копенхаген се слави.

Улиците се обоени во жолто-сина боја, откако државата дозволи собири на отворено. Навивачите на Брондби тоа го искористија максимално за да ја прослават 11-та титулата која ја чекаа речиси две децении.

 

Брондби ќе ја претставува Данска во квалификациите за Лигата на шампионите, каде оди и Митјиланд. Копенхаген ќе игра во Лигата на Европа, Рандерс во квалификациите за Лигата на Европа, додека Архус и Алборг ќе играат плеј-оф за пласман во УЕФА Конференциската лига.

Се вчитува...