Бронзата како утеха за кошаркарите на Србија

Репрезентацијата на Србија во кошарка ја освои бронзата на ЛОИ во Париз, откако во „малото финале“ ја совлада селекцијата на Германија со 83-93. Ова е мала утеха за Србите кои одиграа одлично со САД, но само лошата игра во последните минути не им овозможи да направат сензација и да влезат во финалето.

Никола Јокиќ го предводеше српскиот национален тим со „трипл-дабл“ со 19 поени, 12 скока и 11 асистенции, а Мициќ постигна ист број на поени.

Србите уште на почетокот го презедоа водството, и го држеа до крај. Германците имаа свои блесоци, стигнуваа блиску, но не успеаја да направат пресврт и да дојдат до бронзата.

Во битката за злато вечерва САД против Франција.

Се вчитува...