Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои уште еден медал од Г2 натпреварите, oвој пат бронзен на Галеб Г2 Србија Опен.
Во првото коло нашата натпреварувачка беше поуспешна од Азербејџанката Мејлин Мамаџада со 2-0 во рунди. Во следното коло тесна победа врз извонредната српска репрезентативка Ела Мариќ со 2-1 во рунди.
Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Иранката Хаџиџи Елхам со 2-0, а во полуфиналето не успеа да слави над Хрватката Хелена Кичема.
Ова се нови 7.20 поени за светската и олимписката ранкинг листа за Мила и трет медал оваа година, по оние во Турција и Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА