Женската ракометна репрезентација на Унгарија го освои бронзениот медал на Европското првенство откако во дуелот за третото место ја совлада Франција со минимални 24-25 во драматична завршница.
Натпреварот започна во изедначено темпо во кое двата тима постојано го менуваа водството се додека Унгарките да не го превзеамат моментумот и со серија од три гола во низа да стигант до предност од 7-10. Франција не дозволи поголемо водство, навремено ја санираше одбраната па полувремето замине со само „минус“ еден (12-13).
Изедначениот ритам продолжи и во вторите 30. минути, Унгарија ја одржуваше тешко стекнатата предност, но како што одминуваа минутите Французинките се вратија целосно во игра поведувајќи со 22-21 за интересна завршница во која се играше „гол за гол“, а на крајот на победа се радуваа Унгарките.
Во натпреварот за златниот медал со почеток од 18 часот силите ќе си ги одмерат Данска и Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА