Бронзени медали за Георгиевски и Рељиќ од Австрија Опен Г1

Два бронзени медали освоија најдобрите македонски таеквондисти Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ на Австрија Опен Г1 во Инсбрук.

Георгиевски бронзата ја освои во категорија + 87 килограми, откако во осминафиналето го победи Иван Трајковиќ од Словенија, потоа во четвртфиналето славеше и против Патрик Дивковиќ, а во полуфиналето загуби од Аболфазл Абасипоуја.

Мила Релиќ во категоријата до 62 килограми до бронзата дојде откако во првото коло ја победи Сенегалката Фатима Менди, потоа славеше и против Украинката Марија Леонова, а во четвртфиналето ја победи Хелена Кичема од Хрватска со 2-1 во рунди.

Во полуфиналето Рељиќ загуби од Јулија Шпак.

Одличен настап имаше и Филип Блажевски во категоријата до 80 килограми, но беше елиминиран пред полуфиналето од Германецот Гумуш Кан.

Се вчитува...