Бронзениот Егоров доби стипендија од АМС

Освојувачот на бронзениот медал од последното Европско првенство во борење, Владимир Егоров доби стипендија од светска категорија според Правилникот за категоризација на спортисти информираат од АМС. Егоров денеска беше на прием со директорот, Дарко Каевски.

Успехот на Егоров беше обележан и во Македонскиот олимписки комитет каде се сретна со претседателот Васил тупурковски кој му го честиташе на Владимир Егоров, бронзениот медал од Европското првенство во борење, слободен стил, а честитки беа упатени и до Олимписките стипендисти на МОК, Магомедгаджи Нуров и Елмедин Сејфулау кои го освоија 5-то место на ова европско првенство.

 

 

 

Се вчитува...