Бронзениот Стојановиќ на прием во Министерството за спорт

Освојувачот на бронзениот медал на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениор У21, Стефан Стојановиќ денеска беше на прием во министерството за спорт.

На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади спортисти.

„Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светско првенство за млади категории“, истакна министерот Ристовски.

Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на СП за кадети, јуниори и младинци во Италија. На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две години, на СП во Турција, тој освои сребро. Стојановиќ е единствен каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21 и прв на Светската ранг-листа на ВКФ во својата категорија.

 

Се вчитува...